Регион
Експлозија во стара двокатна зграда во центарот на Атина
Дел од двокатен стар објект се урна во центарот на Атина, по силната експлозија што се случи рано утрово и еден случаен минувач е полесно повредено, а причините засега се непознати, но се истражува можноста да е по истекување на природен гас, иако не постои официјална потврда, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите од противпожарната служба на Грција, експлозијата предизвикала мал пожар и интервенираат 16 пожарникари со шест возила и специјално спасувачко возило, а помагаат и сили од општината.
Експлозијата се случи кусо пред 8 часот утрово во населбата Плака во строгиот центар на Атина, била силна и се слушнала во поширокиот дел, а од урнатините била предизвикана материјална штета и на паркирани автомобили.
септември 25, 2026
