Вести
Приведени 13 лица во операцијата „Филтер“ за разбивање организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации
Во тек е операцијата „Филтер“ на Царинската управа за разбивање сложен организиран систем за шверц на цигари. Во акцијата се опфатени шпедитерски, транспортни и увозни компании, физички лица, но и полициски и царински службеници.
Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со МВР, Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како и со надлежниот јавен обвинител, спроведе опсежна истрага со која се откриени повеќе случаи на организиран шверц на големи количини цигари и избегнување на плаќањето давачки во износ од неколку милиони евра.
Утрово се приведени 13 лица, а во тек се претреси на над 20 локации на подрачјето на Гевгелија, Валандово, Струмица, Дојран, Велес и Скопје.
Од МВР потврдуваат за МИА дека во тек е координирана акција под кодно име „Филтер 2“, која под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција ја спроведуваат Царинската управа. и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР-БЈБ.
-Акцијата е резултат на криминалистичка истрага поради постоење основано сомнение за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои Криумчарење и Царинска измама при што е предизвикана штета на државниот буџет од големи размери, наведуваат од МВР.
По завршување на активностите, од МВР и Царинската Управа најавуваат дополнителни информации за операцијата.
септември 24, 2026
