Connect with us

Свет

Кремљ повтори дека не се исполнети предусловите за отпочнување преговори со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска повтори дека не се исполнети предусловите за отпочнување мировни преговори со Киев.

– Милитаризацијата на Украина продолжува. Европските земји се обидуваат да пронајдат уште повеќе пари за купување оружје. Киевскиот режим ги продолжува своите терористички активности – изјави Песков на редовната прес-конференција.

Портпаролот на Кремљ го коментираше повикот на претседателот на САД, Доналд Трамп, и украинскиот претседател Володимир Зеленски за енергетско примирје.

– Но ние, руската страна, остануваме отворени за мировни преговори – додаде Песков, повторувајќи дека рускиот став не е променет во однос на средбата меѓу лидерите на Русија и Украина.

Портпаролот на Кремљ повтори дека рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави оти Зеленски може да дојде во Москва доколку сака и дека би ги добил потребните безбедносни гаранции.

Песков додаде дека таквата средба, доколку се одржи „пред да биде завршена работата на експертско ниво“, би била само губење време.