Вести
Комисијата за прашања на изборите и именувањата донесе решение за формирање комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет
Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно го донесе решението за формирање комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет по огласот за избор на член што го избира Собранието.
Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, појасни дека во согласност со Законот за Судскит совет, Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието формира комисија за селекција на кандидати за членови на Судскиот совет. По објавениот повик за определување претставници што не се од редот на пратениците, комисијата за селекција е составена од седум члена.
– По еден член предложен од Здружението на судиите, Адвокатската комора и од граѓанскиот сектор, од областа на владеењето на правото и правосудството предложен од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како и по двајца пратеници од парламентарното мнозинство и од парламентарната опозиција. Комисијата за прашања на изборите и именувањата достави дописи до релевантните институции за определување свои претставници што не се од редот на пратениците, а исто така беа побарани и предлози од координатори на пратенички групи од парламентарното мнозинство и од опозицијата – истакна Сајкоски.
Решението е објавено на е-Парламент.
септември 24, 2026
