Кошарка
Леброн Џејмс го избра новиот клуб
Легендата на НБА лигата Леброн Џејмс кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија, пренесува ЕСПН. Филаделфија ќе биде четвртиот клуб во НБА лигата на Џејмс, кој претходно настапуваше Кливленд, а потоа Мајами и Лос Анџелес Лејкерс.
Филаделфија ова лето прави напори да формира шампионски тим и да стигне до титулата. Со „размена“ во екипата стигна играчот на Бостон, Џејлен Браун.
Доаѓањето на Леброн Џејмс треба да претставува засилување во екипата кое треба да донесе сигурност и победнички менталитет.
јули 25, 2026
