Кошарка
Ларкин сам плати обештетување за премин во Фенербахче
По осум сезони минати како член на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин реши да ги смени клупските бои и од Анадолу Ефес направи трансфер во Фенербахче. Искусниот плејмејкер на ваков чекор се решил и притоа сам го платил обештетувањето од 400.000 долари за предвремен раскин на договорот односно заминување една година порано.
Ларкин во Анадолу Ефес дојде во 2018 година и освои две титули во Евролигата во 2021 и 2022 година. Една година претходно беше најдобар стрелец во најквалитетното кошаркарско европско натпреварување.
Со трансферот во Фенербахче екипата доби засилување во борбата за титулата во Евролигата.
јули 14, 2026

