Connect with us

Општини

Кочани ја одбележа 121 – та годишнина од смртта на Никола Карев и патрониот празник на училиштето што го носи неговото име

По повод навршувањето на 121 година од смртта на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и повеќе делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани и во школскиот двор на училиштето што го носи неговото име.

Одбележувањето на патрониот  празник на ООУ „Никола Карев“ годинава беше под знакот на хуманоста, другарството и емпатијата, кои, како што беше истакнато во рамките на празнувањето, се многу повеќе од научена лекција од учебник.

Во пресрет на патрониот празник на училиштето, Извидничкиот одред „Никола Карев“ изведе марш до Свиланово, во чест на патронот. Ученици и наставници од кочанското училиште што го носи името на Карев се поклонија на спомен-обележјето и положија свежо цвеќе.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1