Connect with us

Свет

Браќата на Вирџинија Џуфре бараат да се објавата имињата на посетителите на ранчот на Епстин во Ново Мексико

Браќата на Вирџинија Џуфре, жртва на покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, побараа од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да објави нередактирани документи со ќе се идентификуваат мажите кои ја злоупотребувале нивната сестра на имотот на сексуалниот предатор во Ново Мексико.

Тие вчера присуствуваа на протест пред ранчот Зоро во Ново Мексико, организиран по повод 8 март.

Скај Робертс, братот на Вирџинија Џуфре, која се самоуби во април минатата година, го повика Министерството за правда на САД да објави документи што ги откриваат имињата на посетителите на ранчот на Епстин, истакнувајќи оти администрацијата ги прикрива имињата на мажите кои го посетиле ранчот.

Објавувањето на милиони документи за Епстин ги откри врските на финансиерот со политичари, бизнисмени и научници што ги поканил на ранчот, а Ново Мексико во февруари стана првата американска држава што формира законодавна „комисија за вистината“ за тоа како ранчот Зоро на Епстин можел да постои во тајност 26 години.

Ново Мексико дава пример и очекуваме и другите држави да го следат, наведе сопругата на Скај,  Аманда Робертс, алудирајќи на Њујорк и на Флорида, каде што Епстин имал имоти. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2