Свет
Зеленски му пренесе на патријархот Вартоломеј дека руската војска ги продолжила нападите и на Божиќ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кому му пренесе дека руската војска не ги прекинала нападите ниту за време на Бадник и Божиќ, кој денеска се слави според грегоријанскиот календар, пренесоа украинските медиуми.
– За жал, руската војска дури ни на Бадник и Божиќ не ги запре своите брутални напади врз Украина, енергетскиот сектор и нашиот народ. Во многу наши градови и села нема струја, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека руските сили денеска повторно гаѓале градови во источна Украина, јави агенцијата Укринформ.
– Во Чернигов, токму за време на разговорот со патријархот, екипите им пружаат помош на ранетите во нападот на руски дрон врз обична станбена зграда, наведе Зеленски, додавајќи дека станува збор за „варварски напади на оние кои не го почитуваат ниту Бог“.
декември 26, 2025


