Connect with us

Ракомет

Вардар броеше до 44 за втора победа во регионалната лига

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја постигна и втората победа во регионалната лига во групата Б откако попладнево ја совлада екипата на Будванска ривиера со 44:27 (21:15). Ова за „црвено-црните“ беше втор натпревар во рамки на групата каде лидерската позиција ја има Охрид со максимални три победи.

Натпреварот резултатски беше неизвесен само во првите 15 минути, кога и последен пат беше резултатот нерешен 11:11, а потоа избраниците на Иван Чупиќ направија серија од 6-0 и поведоа со 17:11.

По десет минути игра во вториот дел Вардар дојде за првпат и до двоцифрена предност 28:18 што беше само потврда на победата.