Сцена
Тејлор Свифт со нов спот и рекорд на доделувањето на „Ем-ти-ви“ видеомузичките награди
Освојувајќи ја наградата за видеоспот на годината, американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт, стана најодликуваната уметница во историјата на „Ем-ти-ви“ видеомузичките награди (MTV Video Music Awards – „ВМА“).
Таа, имено, претходно го делеше рекордот со Бијонсе – со 30 „ВМА“ награди. Главната награда на вечерта ја освои за „The Fate of Ophelia“. Исто така, ги доби наградите за уметничка режија и за најдобра режија – за „Opalite“. Свифт ѝ ја посвети наградата за уметничка режија на „врвната шоу-уметница“ Доли Партон.
– Мислам дека сите имавме голема среќа што некое време ја делевме оваа планета со Доли Партон, рече Свифт.
За време на шоуто, водено од Снуп Дог, Свифт го претстави и музичкиот спот за нејзината нова песна „Patient Zero“. Во спотот – за нејзиниот прв сингл по венчавката со НФЛ-ѕвездата Тревис Келси, се појавуваат глумците Колин Фарел и Дакота Џонсон.
Инаку, Мадона ја отвори вечерта со најмногу номинации – 13 и ги освои наградите за уметник на годината, најдобра денс-нумера, најдобра соработка (заедно со Сабрина Карпентер за „Bring Your Love“), како и за најдобра кинематографија и најдобра кореографија (двете за „Confessions II – the film“).
Мадона настапи и заедно со Карпентер и Чарли екс-си-екс, додека британската пејачка Реј излезе на сцената со микс од песни, вклучувајќи ги „I Will Overcome“ и „Where Is My Husband“. А, другите настапи таа вечер вклучуваа почести за Партон и Џорџ Мајкл.
Британската ѕвезда Пинкпантерес (PinkPantheress), т.е. Викторија Беверли Вокер ја освои наградата за најдобра уметничка режија, заедно со Швеѓанката Зара Ларсон, за „Stateside“. Групата „БТС“ ги освои наградите за најдобра група и песна на годината за „Swim“. Песната „The Cure“ на Оливија Родриго победи во категоријата за најдобра алтернативна музика, а некогашната американска рок-група „Нирвана“ беше одликувана со почесната награда „Видео вангард“ (Video Vanguard).
септември 28, 2026
