Connect with us

Сервисни информации

Делови од шест скопски општини без струја поради мрежни зафати

Повеќе делови од Скопје ќе останат без електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според најавата на ЕВН Македонија, без напојување од 07:50 до 09:50 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Костурска“ во Општина Бутел.

Во Општина Сарај, од 08:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на главната улица кај маркет „Ер Грос“ и „Јони Хоме Центер“.

Поради зафат на електродистрибутивната мрежа, од 09:00 до 14:30 часот без напојување ќе бидат улиците „Емил Зола“ и „Мишко Михајловски“ во Општина Кисела Вода.

Во селото Кадино, Општина Илинден, поради замена на електричен столб и две празнини, без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат улиците 10 и 21.

Од 10:05 до 12:05 часот без електрична енергија ќе останат дел од улицата „Костурска“, како и болниците „Санте Плус“ и „ВФВ“ во Општина Бутел.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 13:00 до 14:00 часот е најавен и за дел од улицата „Варшавска“ во Општина Карпош.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека за 24 септември нема најавени планирани прекини во водоснабдувањето.