Хроника
Кривична пријава за параглајдинг инструктор од Прилеп
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Т.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Лицето, како што соопшти СВР Охрид, на 28 јули годинава во својство на параглајдинг инструктор во состав на параглајдинг компанија, без да даде потребни инструкции и насоки, договорил тандем лет со параглајдер со А.Г.Б.(37) од Шведска.
– За време на приземјување кај Струга, таа се здобила со тешки телесни повреди на едната нога, по што била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, стои во соопштението на СВР Охрид.
септември 28, 2026
