Connect with us

Хроника

Осум лица лишени од слобода, кај нив при преглед пронајдена дрога

На различни локации полицијата вчера лишила од слобода осум лица поради поседување дрога, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според информацијата, вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле одлобода Ј.Х.(30), Б.Л.(27), С.Р. (24), Р.Б.(29), Р.Ч.(27) и 17-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Џ.Л.Г.(29) од Обединетото Кралство. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава и бела прашкаста материја и ризли. 

Поициски службеници од СВР Велес вчера во 17 часот и 20 минути од слобода го лишиле Д.Ѓ.(37) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

По целосно документирање на случаите, како што е наведено во информацијата, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.