Connect with us

Технологија

„Мета“ претстави мал рачен уред за ВИ без паметен телефон

Извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, на конференцијата што се одржа завчера во Менло Парк, Каливорнија, освен паметните очила без камера, го претстави малиот рачен уред „Мета Чарм“ за вештачка интелигенција без потреба од паметен телефон“, објавија медиумите.

Уредот има мал екран на допир, микрофон, две камери и интернет-конекција преку 5Г мрежа, без можност за телефонски и видеоповици. Ќе биде наменет првенствено за пристап до софтверот за вештачка интелигенција на „Мета“. Цената и државите во кои ќе биде достапен и понатаму се во тајност, но се очекува да се појави во продажба до Божиќ. 

„Мета Чарм“се базира на асистентот за вештачка интелигенција на „Мета“, „Мус кој треба да им овозможува на корисниците да извршуваат различни секојдневни задачи, вклучително и купување и банкарски активности.

„Со создавањето на овој уред сакаме да ја намалиме зависноста од паметните телефони и од оперативните системи на „Епл и Гугл“, велат од компанијата.

Според индустрискиот аналитичар Ави Грингарт, паметниот телефон уште долго време нема да биде заменет, но новите уреди би можеле да го надополнат.

– Паметниот телефон уште долг период ќе остане без конкуренција, но компанијата успеа да го пласира производот пред конкурентите, меѓу кои е и „Опен-АИ“, изјави Грингарт.

Освен нив, компанијата најави и нови ВР-очила кои, според плановите треба бидат во продажба напролет 2027 година. Очилата ќе тежат околу 100 грама, со цена од 1.299 долари во САД.

„Од 13 октомври во Германија ќе започне продажба и на очилата „Мета Реј-Бан Дисплеј“, со вграден екран во едното стакло, со цена од 899 евра“, соопшти компанијата.