Connect with us

Технологија

„Мета“ ги претстави новите паметни очила без камера

а вчерашната конференција за претставување нови уреди во Калифорнија, компанијата „Мета“ ги претстави паметните очила без камери. Компанијата беше критикувана за уредите со вештачка интелигенција кои можат да снимаат луѓе без нивна согласност, на кои одговори дека приватноста не е единствената причина за дизајнот без камера, туку дека се наменети за пазарот кој се фокусира на аудио-функциите.

Според директорот на истражувачката компанија „ИДЦ“ (IDC), Џитеш Убрани, тие решаваат дел од проблемите поврзани со приватноста, но и понатаму постои можност за злоупотреба.

„Мета“ истовремено го прошири и својот ВИ асистент „Мјуз“, со нови можности меѓу кои и користење компјутер, како и интеграција со трговци и услуги како „Волмарт, Бест бај и Геп (Walmart, Best Buy и Gap).

„ВИ асистентот „Мјуз“ ќе стане нивен главен посредник, овозможувајќи им на корисниците преку гласовни наредби да купуваат производи, да закажуваат термини и друго“, соопштија од компанијата.

Очилата „Реј-Бен Мета аудио“ ќе можат да снимаат звук, но загрижува фактот што луѓето во нивна близина нема да знаат дека се снима, што според критичарите, отстранувањето на камерите не е доволно за да се зачува приватноста. Нивната батерија може да работи и до 12 часа со само едно полнење.

„Овој новитет го создадовме во соработка со компанијата „Есилор-Луксотика“ (EssilorLuxottica), а ќе бидат пуштени во продажба од 13 октомври, со почетна цена од 349 долари“, соопшти компанијата.