Connect with us

Забава

Иванка Трамп во фустан од кинеска дизајнерка го пречека претседателот Шји Џјинпинг

Иванка Трамп, најстарата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, со креација на познатата кинеска модна дизајнерка Гуо Пеи, светлосин фустан и сако со сребрен вез, свечено ги пречека кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан во Белата куќа.

„За време на церемонијата, веднаш до неа, во прв ред седеше нејзината 15-годишна ќерка Арабела Кушнер облечена во бел фустан со ремен, во близина на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша Венс“, објави дневниот весник „Саут-Чајна морнинг пост“ (SCMP).

Освен изборот на дизајнерка, собено внимание привлече и распоредот на седење. Членови на администрацијата на Доналд Трамп, меѓу кои државниот секретар Марко Рубио, министерот за финансии Скот Бесент и министерот за одбрана Пит Хегсет, беа сместени подалеку од местото на кое седеа Иванка и нејзината ќерка.

Во 2017 година, за време на првиот мандат на Доналд Трамп, ќерка му беше советничка во Белата куќа, задолжена за контакт со кинеските официјални претставници, со добро познавање на кинескиот јазик и култура, што придонесува за долгогодишни лични и деловни врски на Трамп со Кина.