Connect with us

Кошарка

Стартуваше новата сезона од кошаркарската Евролига

Со одигрувањето на седумте натпревари синоќа стартуваше новата сезона во кошаркарската Евролига, а шампионот Олимпијакос постигна победа на гости против Басконија и беше единствениот тим со постигнати 100 и повеќе поени. Финалистот Реал Мадрид загуби од Дубаи на гостински терен во натпревар со неизвесна завршница.

Резултати на синоќа одиграните дуели: Дубаи – Реал Мадрид 78:77, Хапоел Тел Авив – Баерн 84:86, Црвена Звезда – Жалгирис 77:83, Панатинаикос – Париз 91:72, Барселона – Анадолу Ефес 89:82, Басконија – Олимпијакос 89:106 и Вилербан – Макаби Тел Авив 84:74.

Вечерва се играат три натпревари, а двојките се: Бешикташ – Валенсија, Фенербахче – Виртус и Партизан – Милано.