Кошарка
Почина Боб Петит, првиот МВП во историјата на НБА
Боб Петит, првиот добитник на наградата за најкорисен играч (МВП) во историјата на НБА лигата, Боб Петит, почина на 93-годишна возраст, објави денеска Кошаркарската куќа на славните, во која беше примен во 1971 година.
Петит беше првиот добитник на МВП наградата откако беше воведена во 1956 година, а го освои признанието по втор пат во 1959 година.
Петит ги предводеше Сент Луис Хокс до шампионската титула во 1958 година, кога постигна 50 поени во решавачката победа од 110-109 над Бостон во шестиот натпревар од финалната серија.
Легендарниот американски кошаркар, висок 198 см, стана првиот играч во историјата на НБА што постигна 20.000 поени, а кариерата ја заврши со 20.880 поени.
Двапати беше најдобар стрелец во лигата, а својот најдобар просек го имаше во сезоната 1961/62, во која постигнуваше 31,1 поен по натпревар.

