Фудбал
Жоао Феликс има намера да се пресели во европски клуб
Португалскиот фудбалер и член на Ал-Наср, Жоао Феликс, зборуваше за своите планови за враќање во Европа.
– Планирам да се вратам во Европа, иако можеби не веднаш. Не знам дали тоа ќе биде на крајот од оваа или следната сезона, но сакам да се вратам, повторно да играм во Лигата на шампионите и повторно да се натпреварувам таму. Играњето за Барселона едноставно ме направи многу среќен. Тоа беше сон од детството за мене, мојот татко и мојот брат. Беше чест, изјави за „АС“ 26-годишниот Португалец.
Феликс игра за Ал-Наср од јули 2025 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна 26 гола и имаше 18 асистенции во 47 натпревари.
Претходно има настапувано за: Милан, Челзи, Барселона, Атлетико Мадрид и Бенфика.
„Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на играчот на 28 милиони евра.
септември 28, 2026
