Connect with us

Фудбал

Роналдо преседе цел натпревар на клупата на Португалија за прв пат по 18 години

Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо синоќа беше оставен надвор од теренот во победата 2:1 над Норвешка во второто коло од Лигата на нации.

Четириесет и едногодишниот Португалец го помина целиот натпревар на клупата за резерви. Ова беше прв пат такво нешто да се случи на официјален натпревар по 18 години. Роналдо претходно седеше на клупата во поразот на Португалија од Швајцарија (0:2) на Евро 2008.

Пред натпреварот, Роналдо дебатираше со новинарите за неговата подготвеност да ги одигра сите 90 минути. 

Во првото коло, напаѓачот го започна натпреварот против Велс (1:0) и беше заменет во 67. минута.

По два натпревара, Португалија е лидер групата со максимални шест бода.