Вести
Честитка од Мицкоски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
Премиерот Христијан Мицкоски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитки до сите припадници на бошњачката заедница.
– Нашата различност е нашата сила, а заедничкиот живот, меѓусебното почитување и разбирањето се темелите врз кои ја градиме нашата држава – пишува во денешната објава на фејсбук-страницата на премиерот.
Се додава дека Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество, со својот богат културен идентитет, традиција и придонес во развојот на државата.
– Ви посакувам здравје, успех и благосостојба, со уверување дека заеднички продолжуваме да градиме општество на еднакви можности, почит и доверба – порача премиерот.
септември 28, 2026
