Connect with us

Општини

Костадиновски: Виница се развива со модерна патна инфраструктура и инвестиции во образованието и животната средина

Во првата година од мандатот што ми го доверивте, со јасна визија, силна посветеност и многу напорна работа, реализиравме и започнавме конкретни проекти и мерки, насочени единствено кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани на Општина Виница, се посочува во соопштението на  ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Митко Костадиновски, градоначалник на Општина Виница, што МИА го пренесува интегрално.

Со уште посилно темпо ја продолживме градежната офанзива во Виница, реализирајќи инвестиции какви што одамна не биле забележани во нашата општина. Работевме интензивно на подобрување и модернизација на патната и комуналната инфраструктура, на заштита на животната средина, а значајно инвестиравме и во јавните објекти, образованието, културата и спортот.

Во изминатите десетина месеци реализиравме и започнавме голем број проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и создаваат подобри услови за живот и развој во нашата општина.

Во продолжение ќе издвојам само дел од реализираните проекти и активности, чија реализација во голема мера беше овозможена благодарение на силната поддршка од Владата на Република Македонија.

Во делот на патната и комуналната инфраструктура извршивме темелна реконструкција и отстранување на стариот асфалт и дел од тампонот, како и изградба на тротоари на улиците „Пролетерска“, „Ѓорче Петров“, „Кочо Рацин“ и „Раде Кратовче“-блок 8 во град Виница. Инвестиција вредна 12,2 милиони денари обезбедени од Министерството за транспорт.

Извршивме реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улица „Ванчо Прке“, улица која ја поврзува Виница со населба и село Градец, а потоа извршивме и нејзина целосна реконструкција. Инвестиција вредна 11,5 милиони денари обезбедени од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт.

Го асфалтиравме патот кој ги поврзува старите со новите градски гробишта со средствата обезбедени од Буџетот на Општина Виница.

Извршивме целосна реконструкција на улица “Страшо Пинџур” заедно со паркинзите, изградба на улица во село Црн Камен и изградба на улица со тротоари од двете страни на истата во село Јакимово, проекти во износ од 24 милиони денари обезбедени од Министерство за транспорт преку заем од Светска банка.

Во село Јакимово асфалтиравме уште една нова улица-дел од „Улица 4“, целосно ја реконструиравме главната улица во село Градец и крак од истата и асфалтиравме нова улица во село Блатец. Вкупната инвестиција за овие 3 проекти во вредност од 12,5 милиони денари беа обезбедени од Министерство за транспорт.

Извршивме поплочување на 3 улици во село Истибања, како и изградба на тротоар на влезот во селото, поплочување на 2 улици во село Градец и поплочување на 6 краци од улици, како и поплочувањето на паркинг-просторот на улицата „Илинденска“ во Виница во вкупна површина од над 5.000м2. Проекти во вкупна вредност од 5,7 милиони денари обезбедени од Буџетот на Општина Виница.

Целосно го реконструиравме локалниот пат Блатец – Детлово (втора фаза) во должина од 2,5 километри. Инвестиција вредна 25,5 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт со учество и од Буџетот на Општина Виница.

Извршивме рехабилитација на делови од улици и санација на ударните дупки на повеќе локации во Виница. За оваа активност потрошивме 1,5 милиони денари од буџетот на Општина Виница.

Извршивме, експропријација, пробивање и тампонирање на дел од улица „Пере Тошев“ и дел од улица „Вера Ацева“ во Виница. Финансиските средства во износ од 4 милиони денари за овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.

Во село Калиманци во м.в. Висока извршивме расчитување, порамнување и проширување на патот до Пресечка маала, во село Грљани во м.в. Преслапо – Шенкевско маало извршивме порамнување и тампонирање на земјен пат во должина од околу 300 метри и го тампониравме земјениот пат до Трсинска брана во должина од 800 метри.Средствата за овие активности беа обезбедени од Буџетот на Општина Виница.

Изработивме сообраќаен проект за поголемиот дел од град Виница. За кој понатаму со негова реализација ќе го подобриме сообраќајот и паркирањето, пред се во поширокот централно подрачје во градот. Средства за овој проект беа обезбедени од Буџетот на Општина Виница во вредност од 1 милион денари.

Завршивме и со реализацијата на проектот „Регулација на Кајанечки дол“ во село Истибања, во должина од околу 870 метри. Во рамки на проектот беше извршена и изградба на 2 патнички и 3 пешачки мостови. Вкупна инвестиција од 19,5 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во делот на заштита на животната средина многу се заложивме и спроведовме бројни акции за чистење на јавни површини, речни корита, одводни канали, отстранувања и чистење и на мини депонии, отстранување на хаварисани возила, кастрење на голем број дрвја на јавни површни, обликување и уредување на украсните дрвја на градскиот плоштад, отстранивме нефунционални времени објекти на јавни површини, извршивме замена на стари и дотраени канти за отпадоци, извршивме целосна реконструкција и уредување на јавните тоалети на градскиот плоштад и уште многу активности за подобрување на животната средина и подобрување на условите во јавните простори во Општина Виница.

Градскиот парк и паркингот пред градскиот стадион добија ново сензорно осветлување. Инвестиција вредна 2,8 милиони денари со средства обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Извршивме и промена на 300 постоечки светилки со ЛЕД светилки со поголема енергетска ефикасност на повеќе локации во градот со средства обезбедени од Министерство за транспорт преку заем од Светска банка.

Овозможивме бесплатен Wi-Fi на градскиот плоштад ,,Ангел Винички”. Проект кој беше финансиран од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија.

Во делот на инвестиции на јавните објекти го завршивме после подолг временски период капиталниот проект затворен градски пазар. За изградбата на градскиот пазар беа потрошени 24 милиони денари и сите беа обезбедени и истовремено целосно исплатени на изведувачите од Буџетот на Општина Виница. Покрај изградбата на затворениот градски пазар извршивме и партерно уредување на просторот околу градскиот пазар. За партерното уредување дополнително беа потрошени 8,5 милиони денари од кои 7 милиони денари беа обезбедени од Министерство за транспорт и 1,5 милиони денари од Буџетот на Општина Виница.

Извршивме целосна реконструкција на кровот на административната зграда на Општина Виница, а воедно и поставивме инвертер клими за затоплување и ладење на „Сината Сала“ при Домот на културата „Тошо Арсов“. Вкупната вредност на проектот во кој влегува и поставувањето на инвертер клими за затоплување и ладење на „Сината Сала“,  изнесува 6 милиони денари кои беа обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Целосно го реконструиравме азбестиот кров и истовремено заменивме плафонот во сите училници и холот на основното училиште “Никола Парапунов” во село Драгобраште. Инвестиција вредна 6 милиони денари обезбедени од Министерството за образование и наука.

Спортските игралишта за ракомет и кошарка во ООУ „Гоце Делчев“ добија целосно нов, модерен и функционален изглед. Старата и дотраена асфалтна подлога е заменета со современа еластична спортска подлога, поставени се нови кошаркарски табли, нови ракометни голови со нови мрежи, како и нова заштитна ограда околу терените.

За првпат во историјата на Општина Виница, воведовме финансиска поддршка за секое новороденче во износ од 6.000 денари, поддршката за секое првооделенче запишано во основните општински училишта на територијата на Општина Виница ја зголемивме од 3.000 на 5.000 денари и ги зголемивме и наградите за учениците и нивните ментори за освоени места на државни натпревари од 2.000 денари на 5.000 денари за прво, 4.000 денари за второ и 3.000 денари за трето место.

Почитувани,

Ова е само почеток. Ова се само десет месеци откако ја презедов функцијата градоначалник, а веќе работиме на голем број проекти кои ќе се реализираат во наредните години.

Во периодот што следува продолжуваме уште посилно, уште поодлучно и со уште поголемо темпо. Следуваат уште многу проекти, инвестиции и конкретни резултати за нашите граѓани.