Регион
Вучиќ ѝ ја предаде должноста претседател на Ана Брнабиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој синоќа поднесе оставка, денеска ѝ ја предаде должноста на претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, која ќе ја врши функцијата вршител на должноста претседател на Србија.
– Никогаш претходно сме немале таков претседател и никогаш повеќе Србија нема да има претседател кој толку се бореше и кој беше толку пожртвуван и навистина сè оставаше на страна за доброто на Србија – рече Брнабиќ по примопредавањето на должноста.
Таа додаде дека Вучиќ од денеска тргнува во „одлучна, нова борба за заштита и зачувување на Србија“.
– Јас ќе го чувам ова место со сите свои сили додека народот не го избере следниот претседател – рече Брнабиќ.
Во согласност со Уставот, Брнабиќ на местото в.д. претседател може да остане најмногу 90 дена
септември 28, 2026
