Connect with us

Општини

Блесна елката во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Охрид ја продолжуваат традицијата со китењето на новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.

По 20-ти пат нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора“ во соработка со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид денеска ја поставија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода, симболично одбележувајќи ги претстојните новогодишни и божикни празници.

„Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден. Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна. Среќна Нова 2026 година и среќни и благословени празници од длабочините на Охридското Езеро“, порачаа тие. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2