Хроника
Локализиран пожар во внатрешна просторија во ГОБ „8 Септември“, нема опасност од ширење
Пожар избувнал во внатрешна просторија во Градската општа болница „8 Септември“. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, пожарот е локализиран и нема опасност од ширење.
– Преку Е 112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ) – наведуваат од ЦУК.
Од страна на БППЗ потврдено е дека станува збор за пожар во внатрешна просторија во одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење.
ноември 20, 2026

