Сервисни информации
Се очекува силен ветер со брзина од над 80 километри на час
Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќта и утре претпладне.
Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има и врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат и над 15 l/m2.
Во Скопје ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец со температура значително над просекот за овој период од годината. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд.
ноември 20, 2026

