Connect with us

Вести

Архиепископот Стефан упати сочувство до Патријархот Даниил за несреќата на автопатот „Тракија“

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан упати сочувство до бугарскиот патријарх Даниил по повод тешката сообраќајна несреќи што се случи на 10 ноември на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во кои загинаа 12 лица, а десетици беа повредени.

Во писмото до патријархот Даниил, архиепископот Стефан, во свое име, во име на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, клирот, монаштвото и православниот македонски народ, изразува искрено сочувство до семејствата на загинатите и сите ужалени.

– Споделувајќи ја тагата на сестринската Бугарска црква и на бугарскиот братски народ, се молиме за настраданите, та Милостивиот Бог нивните души да ги насели во места светли, места цветни, лишени од секаква тага, болка и воздишка, упокојувајќи ги во лоното Авраамово – наведува архиепископот Стефан во писмото.

Тој упатува молитви и за повредените, посакувајќи им брзо и целосно закрепнување, а на нивните најблиски утеха и духовна сила.

– На повредените, пак, Утешителот Благ нека им подари скоро и целосно исцеление, а на нивните најблиски благодатна утеха и духовна сила одозгора, зацврстувајќи ги во верата и надежта во Воскресението- се наведува во сочувството од поглаварот на МПЦ-ОА

Ad
Ad