Connect with us

Култура

Во Кочани премиерно изведена претставата за деца “Матилда”

Детската театарска претстава „Матилда“ синоќа премиерно беше изведена во полната сала на ЦК „Бели мугри“ во Кочани. 

Претставата е работена по истоимениот роман на авторот Роалд Дал. Сценариото и режијата се  на  Сања Гацовска, играа членовите на Драмското студио на Националната установа од Кочани.

„Матилда“’ е трета претстава на Гацовска од крајот на минатата година досега. Таа е стручен соработник за филмска дејност во  „Бели мугри“, дипломиран филмски режисер.

– Да се направи„Матилда“ за мене беше голем предизвик, бидејќи сметам дека театарот не е само место каде што треба да се научат реплики и да се изведат на сцена. Сметам дека театарот  носи многу поважна улога, односно, една приказна да  оживее на сцена и да допре до публиката. Мисламдека вечерва претставата допре  до публиката, вели Гацовска.  

„Матилда“ е претстава во продукција на ЦК „Берли мугри“, втора одиграна во период од дваесетина дена,  после „Фамилијата Адамсови“.

Неделава „Матилда“ на режисерката Сања Гацовска ќе се игра уште во два наврати.

Ad
Ad