Connect with us

Општини

Производството на шумски сортименти во државните шуми зголемено за 4,8 проценти

Вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми во третото тримесечје од 2026 година изнесува 146.000 кубни метри, што претставува зголемување за 4,8 проценти во споредба со истиот период од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на производството е забележано кај трупците, и тоа за 40,4 проценти, додека кај сите останати видови шумски сортименти е регистрирано намалување.

Во структурата на производството, најголемо учество има огревното дрво со 103.892 кубни метри, додека производството на трупци изнесува 40.650 кубни метри.

Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти достигнала 147.490 кубни метри, што е зголемување за 1,6 проценти во однос на третото тримесечје од 2025 година

Ad
Ad