Хроника
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 500 евра
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп.
Лицето било затекнато при примање 500 евра во претходно криминалистички обработени банкноти, како противуслуга за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект.
Она што го прави случајот особено сериозен е сомнението дека станува збор за практика во која раководното лице барало и примало парични средства за позитивни мислења и одобренија поврзани со изградба на станбени и деловни објекти.
ноември 18, 2026


