Connect with us

Општини

Во Битола промовиран проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации

Во Општина Битола промовиран е проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации кој го подготвуваат 30 средношколци од овој град, чија основна цел е препознавање на локални проблеми и создавање решенија.

Според градоначалникот Тони Коњановски, ЛАПСИ овозможува младите директно да придонесуваат во развојот на општината.

-Младите се иднината, но и сегашноста на нашата општина. Нивната енергија, креативност и нови идеи се од исклучително значење за создавање подобра средина за сите нас. Затоа е важно не само да го слушаме нивниот глас, туку и да им дадеме вистинска можност да учествуваат во креирањето на локалните решенија – посочи Коњановски. 

Во рамки на проектот младите мапираа локални проблеми и понудиле конкретни, иновативни проектни решенија. Најуспешните идеи ќе бидат претставени на претстојниот Национален форум на ЛАПСИ, информираа од Општина Битола. 

Ad
Ad