Connect with us

Регион

Хашим Тачи осуден за попречување на правдата на 17 месеци затвор

Специјалниот суд во Хаг денеска го осуди поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, на 17 месеци затвор за попречување и непочитување на судот со оддавање доверливи информации и заштитени сведоци.

Тачи беше прогласен за виновен за обид за попречување на службени лица во вршењето на нивните службени должности, кршење на тајноста на постапката и непочитување на судот.

  Башки Смакај и Фадиљ Фазљи, беа осудени за обид за нарушување на судот на по 12 месеци затвор, но тие ќе бидат веднаш ослободени бидејќи веќе ја отслужија казната во притвор. Хајредин Кучи, беше осуден за непочитување на судот на условна казна од еден месец затвор со рок од една година, додека Исни Киљај беше ослободен.

Тачи (58) беше осуден затоа што им дал доверливи информации и шест заштитени сведоци од главниот претрес на кој беше обвинет за воени злосторства на своите соработници, кои го посетиле во притвор во Хаг во летото и есента 2023 година, и затоа што, преку тие посетители, ги инструирал сведоците како да сведочат.

На одвоено судење, судот во Хаг на 16 септември вонсудски го осуди Тачи на 25 години затвор за воени злосторства во Косово и Албанија во периодот 1998-99 година.

Според денешната пресуда, донесена од судијата Кристофер Госнел, казните на Тачи ќе бидат издржувани последователно во две одвоени постапки, како што побараа обвинителите.

Ad
Ad