Свет
Еден полицаец загина, а друг е тешко повредени при експлозија во шпанскиот град Овиедо
Еден полицаец загина, а друг е тешко повреден при експлозија. Инцидентот се случи додека полицајците интервенирале поради насилна расправија помеѓу две семејства во северниот шпански град Овиедо.
Полицијата интервенирала откако еден маж пукал во млада жена, при што полесно ја повредил.
Синдикатот на полицијата соопшти дека кога полицајците пристигнале пронашле ранец со експлозивна направа на влезот од зградата каде биле повикани да интервенираат. Експлозијата се случила кога полицајците се обиделе да ја отстранат и да ја деактивираат експлозивната направа.
ноември 10, 2026


