Connect with us

Тенис

Сабаленка го израмни рекордот на Пирс за најмногу победи во натпреварите на финалето на ВТА

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Чехињата Каролина Мухова во натпревар од групната фаза на финалето на ВТА (7:6 (7:2), 7:5).

Дваесет и осумгодишната Сабаленка стана тенисерка со најмногу победи, вкупно 13 во натпреварите на финалето на ВТА меѓу оние кои никогаш не го освоиле турнирот. Таа се израмни со Французинката Мери Пирс.

Ова е шести последователен настап на белоруската тенисерка на главниот настан, завршниот турнир во тениската сезона. 

Во сезоната 2026, Сабаленка освои титули во Бризбејн, Индијан Велс и Мајами, а исто така стигна до финалето на два Гренд слем турнири – Австралија Опен и САД Опен. 

Ad
Ad