Фудбал
Шпанецот Висенс нов тренер на Лион
Шпанскиот стратег Карлос Висенс е назначен за нов тренер на францускиот фудбалски прволигаш Лион, потпишувајќи договор до лето 2028 година.
Висенс минатиот месец го напушти португалскиот прволигаш Брага, каде што помина 15 месеци и стигна до полуфиналето во Лига Европа минатата сезона.
Шпанецот седнува на клупата на Лион на местото на Пауло Фонсека, кој одлучи да го преземе лисабонски Спортинг.
Пред да пристигне во Брага во летото 2025 година, Висенс помина четири години во стручниот штаб Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
ноември 10, 2026


