Connect with us

Фудбал

Алисон: Сакам да останам во Ливерпул

Голманот на Ливерпул Алисон Бекер денеска изјави дека сака да го продолжи договорот и да освојува нови трофеи со премиерлигашот.

„Фокусиран сум да играм од натпревар во натпревар, но во главата знам дека би сакал да останам. Зависи од многу фактори и различни околности. Сепак, мојата желба е да останам, среќен сум тука а и моето семејство е среќно“, рече 34-годишниот бразилски голман.

Фудбалерите на Ливерпул го победија Кристал Палас со 3:1 во Лондон, во неделата, во натпреварот од 15 коло од Премиер лигата и се четврто пласирани со 18 бодови.

Алисон одигра 347 натпревари за Ливерпул откога дојде од Рома, во 2018 година, освојувајќи две титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампиони, како и Светското клупско првенство.

Неговиот актуелен договор истекува следниот јуни, и иако клубот сè уште не му понудил продолжување на соработката, Алисон се надева дека тоа ќе се случи, додека неговиот менаџер води преговори со клупското раководство.

„Сè уште сум гладен за трофеи и сакам да играм добри натпревари. Сè уште сакам да играм на највисоко ниво што е можно подолго и за тоа размислувам“, рече Алисон.

Ad
Ad