Свет
ЕК: Посетата на Фон дер Лајен на Софија и Букурешт е одговор на хибридните закани во црноморскиот регион
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска и утре престојува во посета на Бугарија и Романија како израз на солидарност и поддршка поради загрижувачкото зголемување на хибридните закани во регионот на Црното Море, соопшти Европската комисија (ЕК).
Во соопштението на ЕК се истакнува дека Европа годинава се соочува со загрижувачки пораст на хибридните закани, напади и надворешни мешања на територијата на Европската Унија, при што дури половина од регистрираните случаи ги погодиле токму Бугарија, Романија и црноморскиот регион.
За време на претстојните средби, Фон дер Лајен ќе ја потврди решеноста на ЕУ за обновување и зачувување на слободната пловидба во Црното Море. Разговорите со властите во Софија и Букурешт ќе бидат фокусирани на подобрување на воениот надзор, зголемување на инвестициите во одбранбениот сектор и унапредување на капацитетите за брза реакција во кризни ситуации.
ноември 9, 2026


