Свет
Херцог ги повика израелските партии да направат сѐ за да избегнат нови избори
Израелскиот претседател Исак Херцог ги повика сите политички партии да „направат сѐ што е можно“ за да формираат владина коалиција и да избегнат нови избори, и покрај тоа што по парламентарните избори не се наѕира јасно мнозинство.
„Мора да направиме сѐ што е можно за да избегнеме нови избори“, изјави Херцог во видеообраќање, предупредувајќи дека нов изборни циклус би бил неизбежен доколку не успеат преговорите за формирање владина коалиција.
Се очекува израелскиот претседател во наредните денови да му го додели мандатот на кандидат кој ќе ја добие задачата да се обиде да состави нова влада.
октомври 29, 2026


