Свет
Австрискиот вицеканцелар Баблер најави повлекување од функцијата и од лидерската функција во Социјалдемократската партија
Австрискиот вицеканцелар, Андреас Баблер, синоќа најави дека во наредните месеци ќе се повлече од функцијата вицеканцелар и од лидерската позиција во Социјалдемократската партија (СПО), соочен со внатрешен притисок поради слабата поддршка за партијата во анкетите.
„Мораме да поттикнеме повторно внатрешно обединување“, изјави Баблер по партискиот состанок во Виена, говорејќи за расправите околу раководството на партијата.
Баблер рече дека за нов вицеканцелар го предложил министерот за финансии Маркус Мартербауер. Примопредавањето на функцијата е планирано за почетокот на 2027 година, но точниот датум сè уште не е утврден, бидејќи 61-годишниот Мартербауер во моментов е на лекување. Според анкетите, економистот ужива голема почит и високо ниво на доверба во јавноста.
Баблер до крајот на годинава планира да го отстапи и партиското раководство на привремен тим, а на почетокот на 2027 година Социјалдемократската партија ќе избере нов лидер.
Баблер планира да остане во коалициската Влада како министер за домување, култура, медиуми и спорт.
октомври 6, 2026
