Connect with us

Вести

„Дојчландтренд“: Фридрих Мерц има поддршка од само 10 отсто Германци

Само 10 отсто од Германците изјавиле дека се задоволни од работењето на канцеларот Фридрих Мерц, што е најнизок резултат во последните речиси 30 години, покажуваат резултатите од анкетата „Дојчландтренд“, објавува порталот Интериа.

На почетокот на септември, работата на Мерц позитивно ја оценуваа 13 од анкетираните. 

Доколку изборите за Бундестагот се одржаа на преминот од септември во октомври, блокот ЦДУ/ЦСУ можеше да смета на 20 отсто од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември.

Најголема поддршка во анкетата имаше крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) – 27 отсто. Нејзиниот резултат не се промени во текот на месецот. Зелените би освоиле 16 отсто, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) 13 отсто, а Левицата (Ди Линке) 11 отсто. Слободната демократска партија (ФДП) со четири отсто од гласовите би останала под изборниот праг од пет проценти.

Што се однесува до членовите на кабинетот, министерот за одбрана Борис Писториус од СПД доби значително подобри оценки од канцеларот: 50 отсто од испитаниците беа задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи, Јохан Вадефул, беше позитивно оценета од 34 отсто од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи, Александар Добринт, беше позитивно оценета од 27 отсто.

Околу 20 отсто од испитаниците се задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбеил, додека приближно еден од шест испитаници е задоволен од работата на министерот за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на СПД.

Истражувањето беше спроведено на крајот на септември,преку телефон и на интернет, на репрезентативен примерок од 1.303 лица со право на глас, а го реализира институтот Infratest dimap.