Connect with us

Свет

Гејтс бара американските законодавци да го регулираат развојот на вештачката интелигенција

Еден од основачите на компанијата „Мајкрософт“ (Microsoft), Бил Гејтс побара американските законодавци да го регулираат развојот на вештачката интелигенција, истакнувајќи оти саморегулацијата на компаниите не е доволна.

– Никој не мисли дека саморегулацијата е доволна, посочи Гејтс во интервју за телевизијата Ен-би-си (NBC), што ќе биде емитувано в недела.

Според него законот за регулирање на развојот на ВИ претставува дополнително оптоварување за ВИ, но нема драстично да го забави нејзиниот развој.