Хроника
Малолетници малтретираа прваче во Кочани, го соблекле и го снимале со смарт часовник
Група малолетници во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, физички нападнале, соблекле и снимале со смарт часовник шест и пол годишно дете. Случајот во ОВР Кочани го пријавил таткото на жртвата.
За случајот известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа
-На 24.09.2026 во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете – информираат од МВР.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
септември 25, 2026
