Connect with us

Регион

Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русија, Белорусија и Турција

Владата на Црна Гора ги раскинува договорите за безвизен режим со Русија, Белорусија и Турција, што произлегува од обврската за целосно усогласување со визните политики на Европската Унија.

Информацијата за тоа Владата на Црна Гора ја усвои вчера, со тоа што е констатирана потребата од иницирање на заклучување нов договор со Турција за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши.

Локалните медиуми потсетуваат дека Владата на 23 јули годинава донесе Уредба за измени и дополнувања на Уредбата за визниот режим, со која е пропишано дека, почнувајќи од 1 ноември 2026 година, на државјаните на наведените земји ќе им биде потребна виза за влез, транзит преку територијата и престој во Црна Гора.