Регион
Јанша го покани Трамп во Словенија, американскиот претседател ветил дека ќе ја прифати поканата
Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, го покани американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Словенија, а Трамп ветил дека ќе ја прифати поканата, соопшти словенечката Влада во објава преку платформата „Икс“.
Јанша, кој од мај по четврти пат е премиер на Словенија, во разговор за конзервативната американска телевизија „Њузмакс“ изјави дека Трамп му ветил дека ќе дојде во Словенија.
Информацијата за поканата до републиканецот Јанша ја објави и на својот профил на „Икс“, придружувајќи ја со краток исечок од разговорот.
Тој во објавата нагласи дека Словенија и САД имаат посебни односи.
„И токму поради тоа, синоќа на приемот го поканив претседателот Доналд Трамп во Словенија“, порача претседателот на Владата на Словенија, државата што е татковина на Меланија, сопругата на Трамп.
Двајцата лидери во вторникот се сретнаа на традиционалниот прием за лидерите што на маргините на Генералното собрание на ОН го приреди претседателот на САД.
септември 24, 2026
