Connect with us

Свет

Германија го отфрли повикот на Трамп до земјите да го напуштат МКС

 Шефот на германската дипломатија,Јохан Вадефул, цврсто го отфрли повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до земјите да се повлечат од Меѓународниот кривичен суд (МКС), јави ДПА.

„Ние, секако, нема да го правиме тоа“, изјави Вадефул за германската радио станица Дојчландфунк, опишувајќи го судот како „важна институција“.

Трамп, во својот вчерашен говор на Генералната дебата во Он, ја повика меѓународната заедница масовно да се повлече од МКС, потсети германската агенција.

САД не го признаваат МКС и сè повеќе воведуваат санкции против судот и неговите претставници.

„Да бидам искрен, не го разбирам овој апел“, рече Вадефул, опишувајќи го прашањето како „една од областите каде што навистина мораме да признаеме жална разлика во политиката од американската администрација“.

Првиот германски дипломат продолжи велејќи дека судот е „дел од редот заснован на правила што нашиот свет самиот си ги  воспоставил. Тој е дел од историјата на нашата цивилизација. Тој е израз на поделбата на властите, владеењето на правото, а исто така и на спроведувањето на човештвото. И затоа е сосема јасно дека стоиме зад Меѓународниот кривичен суд“, рече германскиот министер за надворешни работи.

МКС е под силен притисок од Вашингтон, главно поради потерницата издадена против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради војната во Газа.

МКС, чие седиште е во Хаг, од 2002 година ги гони најтешките злосторства во светот, како што се геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.

Судот интервенира само кога засегнатите држави одбиваат сами да спроведат истраги или не се во можност да го сторат тоа.

МКС има 125 земји-членки. Покрај САД, Израел, Русија и Турција се меѓу земјите што не го признаваат судот, потсетува ДПА.