Свет
„Блумберг“: ЕУ бара од Украина напредок во реформите пред да ѝ одобри дополнителна помош
Претставниците на Европската Унија ѝ порачаа на Украина да очекува напредок во донесувањето закони насочени кон ограничување на сивата економија, зголемување на даночните приходи и усогласување со законодавството на ЕУ пред да одобри дополнителна буџетска помош за Киев – објави „Блумберг“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а извор запознаен со разговорите го опиша состанокот како тензичен.
Украина побара помош од своите сојузници за покривање неочекуван буџетски дефицит од речиси 26 милијарди евра и ја повика ЕУ да го забрза плаќањето на заемот од 90 милијарди евра, потсетува „Блумберг“.
септември 23, 2026
