Свет
ЕУ во вториот квартал купила исти количини нафта, но ги платила 55,8 отсто поскапо
Во вториот квартал од 2026 година вредноста на увозот на нафта во ЕУ нагло пораснал за 55,8 %, иако количините останале речиси исти како во претходните кавратали, околу 36,7 милиони тони, објави Евростат.
Што се однесува до течниот природен гас, вредноста на увозот се зголемил за 4,1 %, а количините се намалени за 5,6 %.
Во истиот период увозот на природен гас во гасовита состојба забележал раст и во поглед на вредноста (+18,5 %) и во поглед на обемот (+3,4 %).
Најголемите доставувачи на енергенти во вториот квартал од 2026 година биле САД и Норвешка. Главни доставувачи на нафта за ЕУ се САД (18,8 %), Норвешка (14,3 %) и Казахстан (13,4 %).
Најголем дел и од течниот природен гас е увезен од САД (63,2 %). Уште 17,3 % потекнуваат од Русија, а 8,1 % од Алжир.
Норвешка била главен доставувачи на природен гас во гасовита состојба (51,2 %), по што следуваа Алжир (18,2 %) и Обединетото Кралство (11,1 %), кое ја надмина Русија (10,2 %) и влезе во групата на трите најголеми партнери на ЕУ.
септември 23, 2026
