Connect with us

Свет

Гутереш: Сè пошироки линии на раздор во светот, мора заеднички да се работи на решавање на проблемите

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, денеска, на почетокот од Генералната дебата во рамките на 81-то заседание на Генералното собрание на ОН, го презентираше својот извештај за работата на светската организација, истакнувајќи дека линиите на раздор во денешниот свет се прошируваат и дека светот мора заеднички да работи во „меѓузависност“ за да ги реши проблемите.

– Линиите на раздор во нашиот свет се сè пошироки – предупреди Гутереш, кој ја напушта функцијата на крајот од годината бидејќи му истекува мандатот.

Како клучни проблеми тој ги наведе геополитичките конфликти, климатската криза и брзиот развој на вештачката интелигенција. Наместо да дозволуваме светот и понатаму забрзано да се движи кон распарчување и недоверба, Гутереш повика на „свет изграден врз меѓузависност и поддржан од густа мрежа на економски, политички, социјални и технолошки врски“.

Генералната дебата во рамките на 81-то заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации почна денеска и ќе трае до 28 септември, а светските лидери ќе говорат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обновување на довербата, управување со трансформацијата: Обединети Нации кои им служат на сите“.