Connect with us

Свет

Цицикостас се залага за поедноставно прекугранично издавање билети за железничкиот превоз

Еврокомесарот за транспорт Апостолос Цицикостас, на отворањето на Саемот за транспорт „ИноТеранс“ (InnoTrans) во Берлин, апелира за поедноставен, стандардизиран железнички билета низ цела Европа.

– За патниците, билетарницата е уште еден јасен тест за тоа дали навистина имаме европски железнички систем. Целта е едноставна: едно патување, една резервација и целосни права на патниците, посочи Цицикостас додавајќи дека тоа ќе го направи прекуграничното патување со воз „полесно и многу попривлечно“.

Европската комисија веќе работи на решавање на проблемот со фрагментираниот прекуграничен железнички билет, предлагајќи нови правила со цел да им се олесни на патниците да пронајдат и резервираат меѓународни железнички патувања.

Предвидено е патниците на интернет да можат да видат различните опции за патување од една дестинација до друга низ цела Европска Унија. Билетарниците ќе бидат обврзани да нудат билети од други оператори доколку компаниите се согласат на тоа.

Триесеттото издание на „ИноТранс“ се фокусира не само на нови возови, туку и на нови технологии за железничката индустрија, вклучувајќи ја дигитализацијата на железничката инфраструктура и автоматизираниот транспорт. На саемот учествуваат вкупно 3.170 изложувачи од 59 земји.